Тајните служби на Велика Британија го објавија најновиот извештај за состојбата во Украина: “Овој град може да стане новиот Бахмут!“

Според најновиот извештај на тајните служби од Велика Британија, Русија се повеќе ги загрозува украинските линии за снабдување до линијата на фронтот.

Руските воени сили ги опколија украинските војници во Бахмут и оставија малку простор за транспорт на опрема, се вели во извештајот.

Се додава дека жестоката, исцрпувачка битка што се водела околу Бахмут може да се повтори во Авдиивка, град на југот на Украина.

Русија сè повеќе напредува во близина на Авдиевка, најмногу благодарение на напорите на локалното население кое го познава теренот.

Распространетиот комплекс во Авдиивка најверојатно ќе се смета за клучен одбранбен терен како што напредуваат борбите, напишаа во објавата тајните служби на Велика Британија на социјалната мрежа Твитер.

Тактички ситуацијата е слична на онаа во Бахмут, тврдат тие.