Тектонски промени во фудбалот: Осум од десетте најплатени фудбалери се во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија прави извонредни напори да ја подобри својата фудбалска лига.

Фудбалскиот свет беше шокиран од веста дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо ја напушта Премиер лигата за да игра за Арапите. На почетокот многумина мислеа дека се работи за шега, но набрзо се појавија деталите од договорот и станаа јасни причините.

На овој начин им го отвори патот на многу други фудбалери кои ги увидоа предностите од играњето во Саудиска Арабија, па таму имаме примери на бројни светски фудбалски ѕвезди, а последен меѓу нив беше Нејмар, кој исто така потпиша астрономски договор, со интересни клаузули во истата, за кои пишувавме .

Некои од договорените плати ги надминуваат сите досегашни рекорди, а еве список со имињата на десетте најплатени играчи и нивните плати изразени во евра:

1. Кристијано Роналдо (Ал-Наср) – 200 мил

2. Карим Бензема (Ал-Итихад) – 200 мил

3. Нејмар (Ал-Хилал) – 100 мил

4. Кофи (Ал-Итихад) – 100 мил

5. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 70 мил

6. Лионел Меси (Интер Мајами) – 45 мил

7. Садио Мане (Ал-Наср) – 40 мил

8. Џордан Хендерсон (Ел-Итифак) – 40 мил

9. Ријад Махрез (Ал-Али) – 35 мил

10. Калид Кулибали (Ал-Хилал) – 30 мил

Горенаведените бројки не ги вклучуваат бројните клаузули споменати претходно, па ако ги вклучиме многу од овие играчи лесно би можеле да заработат двојно повеќе пари.

Она што можеме да го забележиме од играчите кои не играат во Арабија, на оваа листа се само Килијан Мбапе кој ја зазема петтата позиција и Лионел Меси на шестата позиција.