Телефонски разговор меѓу Ердоган и Вучиќ: Турскиот претседател уште еднаш му ја честиташе победата

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во текот на разговорот, претседателот Ердоган му честиташе на Вучиќ за изборниот успех.

Двајцата претседатели разговараа за односите меѓу Турција и Србија, како и за глобалните и регионалните прашања.

Ердоган изјави дека силните односи и соработка меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во наредниот период, објавено е на социјалната мрежа Х.