Телефонски разговор Нетанјаху – Бајден

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, се вели во соопштение од кабинетот на израелскиот премиер.

„Нетанјаху му се заблагодари на претседателот за моќните зборови на поддршка што ги кажа по нивниот последен разговор вчера и за неговата безрезервна поддршка за државата Израел“, се вели во соопштението.

Бајден вчера се осврна на нападот во Израел по вторпат, првиот пат беше во саботата, и го нарече „чин на целосно зло“.

Американски официјален претставник потврди дека двајцата лидери телефонски разговарале. Ова е четврти разговор што го одржуваат од саботата.