Тен Хаг: Имав причини да го отпишам самобендисаниот Роналдо

Манчестер Јунајтед денеска гостува кај Ливерпул на „Енфилд“. Во најавата за оваа средба, тренерот Ерик тен Хаг се осврна на голем број актуелни теми поврзани со неговиот тим, но и на една малку постара: Како и зошто го избекал Кристијано Роналдо?

Роналдо го напушти Манчестер во ноември. Откако јавно ги критикуваше тренерот и клубот, тој беше ,,распнат на крст”.

– Имав мои причини да го отпишам Роналдо. Тие причини беа многу очигледни. Ги знаев последиците од таквата одлука, ми беше јасно дека може да бидат негативни за мене. Не се грижев, мирно спиев. Дури и во тие ноќи. Мое е да носам одлуки кои го водат клубот напред, изјави Тен Хаг и истакна дека тоа е негова работа и одговорност и дека секогаш ќе стои зад своите одлуки.