ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕГИПЕТ: Убиен тренерот на Хапоел

Алан Шемали (34), тренер на помладите категории на Хапоел загина во терористички напад во Египет.

 Еден од тренерите на младинската школа Алон Шемали загина во терористички напад во Египет. Алон живеел во Бат Јам, бил наставник по физичко образование во училиштето Ришоним.

Во младинската школа на Хапоел дојде пред година и пол, кога минатата сезона работеше како главен тренер на третата екипа, а оваа сезона работеше како помошник на првиот тим.

– Просветен работник, вистински спортист, скромен, имаше многу страст за фудбалот. Имаше одличен однос кон децата, го сакаа и фудбалерите и колегите – се вели во соопштението на Хапоел.