ТЕШКА ПОВРЕДА НА ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ЛИВЕРПУЛ – Јирген Клоп ја откри катастрофалната вест, но тие не се единствените кои ќе бидат загрижени поради ова

Фудбалерот на Ливерпул и грчки репрезентативец Константинос Цимикас ја скрши клучната коска на саботното дерби со Арсенал, што ќе го остави надвор од терените неколку месеци, објавија денес англиските медиуми.

Поради повредата на дефанзивецот, загрозен е настапот за Грција во дополнителните квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во март.

Константинос Цимикас се повреди во 35. минута од саботниот натпревар, кој заврши 1:1, на дуелот со фудбалерот на АрсеналБукаја Сака.

Дефинитивно станува збор за скршена клучна коска и тој ќе биде надвор од терените долго време“, изјави Јирген Клоп за Sky Sports.

слика
Константинос Цимикас

Отсуството на грчкиот дефанзивец ќе биде дополнителен предизвик за Германецот на клупата на Ливерпул, кој од октомври не може да смета на Енди Робертсон, првиот лев бек. Тој ќе отсуствува уште најмалку неколку недели поради повреда на рамото. Дополнително, повредата на Константинос Цимикас може да биде удар за Грција доколку неговото опоравување трае подолго од втората половина на март. Грција ќе се обиде да се пласира на ЕП во Германија во групата Ц против Грузија, Казахстан и Луксембург.