ТЕШКО ПОВРЕДЕН – Велешанец со возило излетал од коловозот

На 29.07.2023 во 04:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Велес патничко моторно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(24) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.