Тешко повреден првиот човек на украинската разузнавачка служба !? Ракета го погодила неговиот кабинет, а Русите ја објавија и неговата адреса на лекување во Берлин!
Кирил Буданов наводно бил ранет на 29. мај при нападот на зградата на украинската разузнавачка служба и моментално е на лекување во Берлин, Германија.
Првиот човек на украинската разузнавачка служба, Кирил Буданов, е ранет на 29. мај при напад врз зградата на украинската служба во Киев, објавија руските режимски медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од руските безбедносни сили, кој добил увид во состојбата на Кирил Буданов од украинско разузнавање.
Ракетата го погодила кабинетот каде што бил до Кирил Буданов, а тој се здобил со повреди поради кои прво бил префрлен со хеликоптер во воената база во Жешов, град во Полска, недалеку од границата со Украина, а потоа со специјален Американски авион за Германија на лекување.
Според информациите на руските медиуми, американски авион, специјално за Кирил Буданов, влетал од базата Рамштајн.
Податоци за тој лет снимила и веб-страницата Flightradar.
Повеќе информации околу овој настан наскоро.