Тинејџери намерно прегазиле бициклист: „Цело време се смееја, го оставија да умре покрај патот“ (ФОТО/ВИДЕО)

Двајца тинејџери од Лас Вегас се обвинети за убиство бидејќи со својот автомобил удриле велосипедист, кој починал од повредите. Целиот инцидент го снимиле со својот телефон за социјалните мрежи.

Локалната полиција соопшти дека групата тинејџери била поврзана со најмалку три други сообраќајни инциденти што се случиле утрото на 14 август.

Убиството на 64-годишниот Андреас Рене Пробст, поранешен началник на полицијата во Бел, Калифорнија, кој бил на велосипед, се верува дека ставил крај на нивното дивеење во сообраќајот.

На видеото кое кружеше на социјалните мрежи може да се види како автомобилот сè повеќе се доближува до велосипедистот. Во еден момент се слуша како еден од тинејџерите вели „уди го во задник“, а потоа возачот го удира, а тој од силината на ударот паѓа на шофершајбната.

За инцидентот зборуваше и началникот на полицијата Ник Фарез, кој го окарактеризира ова убиство како страшно злосторство и кукавички чин.

Окружниот обвинител на округот Кларк, Стив Волфсон, рече дека се интересира за случајот и вети дека и двајцата тинејџери ќе бидат обвинети како да се возрасни.

Сепак, нивниот идентитет нема да биде соопштен бидејќи се малолетни, пишуваат медиумите.

Првиот млад човек беше уапсен веднаш по убиството на велосипедистот поради други сообраќајни прекршоци.

Полицијата соопшти дека првично не знаела за видеото, но обвинението го надградило на убиство неколку недели подоцна, откако вработен во училиштето го препратил предметното видео до полицијата.

Вчера беше уапсен уште еден тинејџер. Според полицијата, злосторството започнало непосредно пред зори кога тинејџерите наводно удриле 72-годишен велосипедист. Потоа побегнале од местото и удриле во друг автомобил.

-Цело време се смееја, го оставија да умре покрај патот – рече началникот на полицијата.