ТОГАШ ТОЈ ДОЗНА! На Ѓоковиќ му била дијагностицирана ретка болест, еве кога е откриена – Ова се СИМПТОМИТЕ!

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ неодамна го заврши своето учество на Индијан Велс со изненадувачки пораз од аутсајдерот Лука Нарди.

Подоцна трофејот на американско тло го подигна Карлос Алкараз откако во финалето беше подобар од Данил Медведев. Неодамна Новак потврди дека нема да учествува на овогодинешниот Мастерс во Мајами.

Не е тајна дека Новак долги години се грижи за исхраната, а на тоа го принудила болест која за среќа навреме ја открил пред околу 10 години.

Имено, Ѓоковиќ имал нарушување во исхраната, кое професионално се нарекува целијакична болест!

Станува збор за болест кога телото е нетолерантно на глутен, кој го има во брашното и во производите во кои тоа се користи, а која Новак, за среќа, навреме ја открил, го променил начинот на исхрана и станал најдобриот тенисер на денешницата, а веројатно на сите времиња.

Симптоми и знаци на целијакична болест

Кај целијакичната болест доаѓа до оштетување на слузницата на тенкото црево и нарушување на апсорпцијата на хранливите материи, па симптомите на целијакијата најчесто се поврзани со дигестивниот систем. Типични симптоми на целијакична болест се:

Хронична дијареа (или запек)

Обилни, мрсни, бледи столици, со карактеристичен мирис

Болки во стомакот

Надуеност и гасови

Гадење и повторено повраќање

Нелагодност и нерасположение

Губење на тежина

Анемија