Томовска за случајот во М-НАВ: Кога се работи за вработен, не е важно чиј роднина е

Надзорот во М-НАВ се врши согласно одлуката на Владата, според која Државниот инспекторат за труд е задолжен да го спроведе инспекцискиот надзор. Во изминатите години немаше таков надзор, изјави директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.

Прашана дали истрагата ќе се прошири и на М-НАВ поради тврдењата дека таму се вработени членови на семејства на одредени функционери, Томовска рече дека кога се работи за вработен, не е важно кој е негов роднина.

Кога станува збор за вработен, за нас е неважно е чиј роднина е. За нас сите се вработени. Така што, доколку постои повреда на право од работен однос или незаконита постапка на вработување, во тој случај за нас важен е поимот вработен и работник – вели Томовска.

Инспекторите од Државниот инспекторат за труд во рок од една недела мора да ги објават резултатите од инспекцискиот надзор.

Тројца инспектори пред четири дена влегле во М-НАВ и го почнале увидот.