Том Круз има нова мета: Не можеше да ги сокрие искрите на црвениот тепих, погледите и бакнежите со неа предизвикаа лавина гласини
Том Круз неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Mission: Impossible – Dead reckoning Part 1“ во Италија, а како што можете да видите од фотографиите, забележлива е блискоста меѓу Круз и неговата колешка Ребека Фергусон.
Том Круз неодамна присуствуваше на премиерата на седмиот дел од филмот „Mission: Impossible“, каде што имаше забележителни искри со колешката Ребека Фергусон.
Но, да се вратиме на почетокот. Првиот впечаток на филмската критика во врска со седмиот филм во целата франшиза „Mission: Impossible“ предизвика позитивни реакции, пишува „Индипендент“.
Со нивниот став се согласи и Ерик Дејвис, кој изјави дека акциониот филм го задржува вниманието, и дека не престанува да ја забавува публиката.
Фотографиите на актерската екипа од премиерата во Италија го обиколија светот, но и социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлече актерот Том Круз кој, судејќи по фотографиите, беше блажен меѓу жените.
Или барем една жена – Ребека Фергусон.
Фоторепортерите од странските медиуми успеаја да фатат интимни моменти меѓу актерите за време на традиционалното фотографирање на црвениот тепих.
Како што можете да видите, Том и Ребека не ги криеја обостраните симпатии , а погледите и бакнежите беа доволни за да започне лавина од шпекулации на Твитер.
И така беше…
Треба да се напомене дека ова не е прв пат споменатите актери да бидат во романтична врска. „National Enquirer“ еднаш започна гласини за романса меѓу Ребека и Круз, но тие не се огласија за тоа.
“Тој ниту ја потврди ниту ја демантираше врската со колешката од филмот“, пишува весникот.
Што се однесува до Ребека, таа исто така не реагираше на наводите на странските медиуми, но во една прилика изјави „дека кога била помлада имала симпатии кон Круз“.