ТОПОЛ ПИЈАЛОК СО КАЛИНКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ ИМУНИТЕТ: Вкусен е и полн со витамини

Со ниски температури, вирусите се неизбежни, па затоа треба да го зајакнете имунитетот на природни начини. Со овој вкусен, топол напиток, не само што ќе ги воодушевите вашите сетила, туку и ќе му обезбедите на вашето тело значителна доза на витамини.

Додадете во чајникот:

2 парчиња розов грејпфрут
2 парчиња лимон
1/3 чаша семки од калинка
1 мандарина
2 стапчиња цимет
10 каранфилче
Грст свежо нане
Прелијте со топла вода и оставете ја водата да отстои 10 минути пред да ја послужите. При сервирање додадете мед или јаворов сируп по желба.