Утре без струја корисници од неколку скопски општини

 Без електрична енегија утре ќе останат неколку улици од скопските општини Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари и Кисела Вода.

Како што информираат од ЕВН, во периодот од 08:30 до 15 часот, корисниците од село Крушопек, (општина Сарај ќе бидат без струја, во периодот од 08:15 до 10:15 часот,дел од корисниците од Трубарево, од 09 до 11 часот, дел од корисниците од улица Бутелски Венец, во периодот од 08:30 до 15 часот, дел од корисниците од населба Пинтија до семафорите кон Драчево.