Блумберг: Турскиот парламент неделава ќе гласа за влезот на Шведска во НАТО

Турскиот парламент до крајот на неделата ќе гласа за влезот на Шведска во НАТО, објави Блумберг, цитирајќи неименуван владин претставник.

Владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која има мнозинство во турскиот Парламент, ќе бара одобрение од законодавниот дом за да го ратификува долгоочекуваното членство на Шведска во НАТО, изјави официјален претставник.

Шведска и Финска ги напуштија своите традиционални позиции на воена неутралност за да побараат заштита под безбедносниот чадор на НАТО, по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на Алијансата во април минатата година, станувајќи 31-ва членка на НАТО, откако турскиот Парламент ја ратификуваше кандидатурата на земјата.