Тошковски: Срамота е пасошот со старото име да важи во некои земји, но не и кај нас, пратениците да го сменат и Законот за патните исправи

– Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи. 

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците ка

Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по оној предлог закон кој, како што рече, го доставив истиот ден заедно со Законот со возачките. 

-Како што го поминаа Законот за возачките, така и да си го поминат и Законот за пасошите. Само тоа е решение. А граѓаните нека судат. Јас мислам дека граѓаните се многу умни и гледаат дека во споредба со она неработење и непрофесионалност од претходно, сега ако ништо друго даваме максимум се од себе, рече Тошковски.

Потврди дека веќе пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.

-Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме, посочи Тошковски.

И дополнителниот заемник министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја потврди бројката од пристигнати нови 20.000 обрасци.

-Како што кажа министерот пристигнати се  20 илјади обрасци и во иднина ќе пристигнат и нови за граѓаните.  Кога граѓаните ќе ги добијат готовите документи најави министерот дека ќе ги извести по СМС порака, изјави Бојмацалиев. 

За алатката преку која ќе можат да проверат граѓаните кога се готови документите рече дека не ја најавил тој, туку министерот.    

-Во минатото во 2021 и 2022 година ако во декември и јануари имавме барање за сликање за документи од 20 до 40 илјади граѓани во 2023 декември и од почетокот на јануари имаме над 170 илјади луѓе кои побарале и биле услужени да добијат услуга од страна на МВР да бидат сликани дали се работи за лична карта, пасош или возачка дозвола, истакна Бојмацалиев.