ТОЈ Е ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ БЕГАЛЦИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ! До Квон – ‘кралот на криптовалутите’ уапсен во Црна Гора: Кој е Јужнокореецот кој се криел и во Србија !?

Полицијата во Црна Гора во четвртокот го уапси јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој се сомничи дека е еден од најбараните бегалци во светот и трговец со криптовалути, соопшти министерот за внатрешни работи на државата, Филип Аџиќ.

До Квон (32 г.) е поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби кои надминуваат 40 милијарди долари, сподели министерот на социјалната мрежа Твитер, додавајќи дека се уште се чека официјална потврда за идентитетот на лицето.

Според Аџиќ, тој бил уапсен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур.

Јужнокорејските обвинители веруваат дека До Квон е претприемачот кој стои зад колапсот од 40 милијарди долари на двете криптовалути, terraUSD и Luna, на кои многу инвеститори заработија милиони до крајот на мај 2021 година. Во мај истата година, двете валути пропаднаа и нивната вредност падна на нула.

Во септември минатата година Интерпол распиша потерница по него.

Се веруваше дека Квон се криел во соседна Србија од крајот на минатата година.