ТОЈ Е МОЗОКОТ НА РУСКАТА ПРОПАГАНДА – Ова е рускиот крал на лажните вести: Се започна кога направил еротски календар за роденденот на Владимир Путин

„АНО Дијалог“, руска непрофитна организација основана од Одделот за информации и технологија во Москва, која е на списокот на ЕУ за субјекти одговорни за ширење пропаганда од јули, добива повеќе пари од државата отколку водечкиот ТВ канал во Русија. Истрагата на независните руски медиуми открива дека само во 2023 година оваа организација добила дури девет милијарди рубљи од буџетот на Министерството за дигитален развој на Русија.

На чело на оваа пропагандна машина е Владимир Табак, дипломиран новинар и претприемач кој редовно учествува на конференции во Русија каде што зборува за проблемите со ширење дезинформации и лажни вести.

Владимир Табак е извршен директор на организацијата од 2021 година, но на пошироката јавност и стана познат во 2010 година, кога објави еротски календар по повод 58-от роденден на Владимир Путин. Повеќето колеги на Владимир Табак од студентските денови немаат најдобро мислење за него.

Кога го опишуваат Владимир Табак, неговите колеги новинари често прибегнуваат кон епитетите „мајор“ (член на златната младина) и „мрзлив“. Неговата колешка, новинарка и активистка Настја Красилникова, го нарекува „ужасен“. 

Сите пет години додека Владимир Табак и јас студиравме новинарство беше многу забележлив. Секогаш се облекуваше елегантно, но не учествуваше во активностите на факултет. Се уште се сеќавам на гадењето што го чувствував кога излезе календарот со студентки. Беше многу ми е чудно што толку многу девојки се согласија да учествуваат, но воопшто не бев изненадена што тоа го направи Владимир Табак“, изјавила Настја Красилникова за руските независки медиуми.

Неговите колеги велат дека Владимир Табак бил типично момче од добро еврејско семејство, кое во студентските години уживало да излегува во ноќни клубови. 

Учениците кои ги фотографираше беа девојките кои го опкружуваа. Тој имаше на располагање – автомобили, коктели и забави во познати клубови до утрото“, се сеќава еден познаник на Владимир Табак од студентските денови.

Владимир Табак им се пофалил на своите познаници дека идејата за еротски календар му ја продал на Владислав Сурков, кој во тоа време бил заменик-директор на претседателската администрација, се сеќава еден од колегите на Владимир Табак од факултет, додавајќи дека Владимир Табак честопати кажувал дека клучот до добра кариера било да се најде „голем човек“.

Првиот „голем човек“ на кој Владимир Табак „се прилепил“ бил Владислав Сурков, а потоа беше заменет од Сергеј Кириенко, првиот заменик-директор на претседателската администрација. Владимир Табак со помош на двајцата успеа да се искачи на позицијата директор на „АНО Дијалог“.

Неколку месеци по почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, „АНО Дијалог“ одржа состанок на кој ги покани претставниците на речиси сите режимски медиуми и угледни про-Кремљ профили на социјалната мрежа Телеграм.

Добивме задача да откриеме како да одговориме на вестите. Сите почнаа да фрлаат идеи и предлози, да бураат со идеи… И некако се појави идејата – да креираме лажни вести“, изјавил еден од вработените во „АНО Дијалог“ кој бил присутен на средбата.

Така започна пропагандната кампања за создавање лажни вести на каналите на социјалната мрежа Телеграм кои се директно под контрола на „АНО Дијалог“.

Конкретно, беа објавени лажни вести за украинската Армија која ги продава своите награди на платформата eBay, за швајцарскиот недвижен имот на претставниците на украинската Влада, за масовната мобилизација на жените во Украина и за апчиња за зголемување на агресијата што ги консумираат украинските војници. Најмалку 60 луѓе учествуваа во креирањето на оваа лажна вест за Украина.