ТРАГЕДИЈА ВО АМЕРИКА Сенатор, сопругата и двете мали деца загинаа во авионска несреќа 

Сенаторот од државата Северна Дакота, Даг Ларсен, неговата сопруга и двете мали деца загинаа кога малиот авион со кој патуваа се урна во Јута, изјави денеска лидерот на републиканците во Сенатот, Дејвид Хог.

Авионската несреќа се случила во неделата вечерта по локално време, веднаш по полетувањето од аеродромот Кањонлендс, кој се наоѓа на околу 15 милји северно од Моаб, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гранд во објава на Фејсбук.

“Сенаторот Даг Ларсен, неговата сопруга Ејми и нивните две мали деца загинаа во авионска несреќа минатата ноќ во Јута. Тие беа во посета на семејството во Скотсдејл и се враќаа дома. Застанаа да наполнат гориво во Јута”, напиша Хог.

Истрагата за падот на авионот е во тек, а се уште не е познато кој управувал со него во моментот на падот.

Како член на Републиканската партија, Ларсен стана сенатор за прв пат во 2020 година.