Трагедија во Формула! Се појави и видеото од смртта на 18-годишникот! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Страшна вест доаѓа од Белгија

Дилано ван Хоф , 18-годишник кој се натпреваруваше во Регионалниот европски шампионат во Формула, загина како резултат на несреќа за време на трката во Спа-Франкошамп во Белгија. Трагедијата се случи поради многу лоши услови на една од најпознатите патеки во светот.

Ван Хоф прво изгуби контрола и остана на средината на патеката. Потоа со максимална брзина го удрил возач во друг автомобил. Во судирот учествувале уште четворица возачи, од кои двајца се повредени.

Трагичната вест ја потврди и Формула 1.

– Многу сме тажни што дознавме дека Дилано ван Хоф почина денеска во Спа-Франкошамп. Дилано умре во остварување на својот сон да го достигне врвот на мотоспортот.

Заедно со целата мотоспорт заедница, нашите мисли се со неговото семејство и најблиските– истакна еден од водечките луѓе на Ф1, Стефано Доменикали.

Набрзо се огласи и тимот за кој возел несреќниот млад човек.

– За жал, соопштуваме дека почина возачот Дилано ван Хоф. Инцидентот се случи на втората трка во Спа-Франкошамп. Би сакале да упатиме сочувство до семејството, тимот и пријателите. Сочувство изразуваат и Авто-мото федерацијата на Белгија, Спа-Франкошамп и Алпина– се наведува во соопштението.

Погледнете го и видеото со напомена дека е вознемирувачко.