ТРАГЕДИЈА – Едно лице загина, три други се повредени во сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија 

Едно лице го загуби животот, други тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила денес на автопатот Неготино – Демир Капија, кога автомобил со германска регистрација излетал од патот.

Од Брза помош при Здравствен дом Неготино потврдија за МИА дека едно лице загинало, едно повредено лице било пренесено во болница во Велес, а други две во кавадаречката болница каде биле подложени на испитувања. 

Портпаролот во СВР Велес, Ристо Самарџиев, ги потврди информациите за сообраќајката за МИА и најави повеќе детали во текот на денот.