Трагедија на Вимблдон! Едно дете е усмртено, британската полиција ги соопшти деталите за страшната несреќа!

Автомобил денеска удри во зграда на основно училиште за девојчиња на возраст од 4 до 11 години во Вимблдон, при што едно дете загина, а осум лица се повредени, меѓу кои шест деца.

Британската полиција соопшти дека реагирала на сериозната несреќа во близина на основно училиште во Вимблдон, јужен Лондон и рече дека не веруваат дека станува збор за терористички напад, пренесе Ројтерс.

– Бевме повикани денеска во 09:54 часот и нè известија дека автомобил удрил во училишна зграда за девојчиња, на возраст од 4 до 11 години, во Камп Роуд, се вели во соопштението на лондонската полиција, додавајќи дека на лице место им била укажана помош на неколку повредени.

Службата за брза помош во Лондон, вклучително и хеликоптер за брза помош и пожарникари, веднаш излегле на местото на настанот.

Овој инцидент не го третираме како акт поврзан со тероризам – соопшти лондонската полиција.

Истрагата за инцидентот е во тек, возачот на автомобилот кој учествувал во судирот застанал на лице место, се вели во соопштението.

Полицијата соопшти дека една жена на 40-годишна возраст, која управувала со автомобилот, била уапсена под сомнение дека предизвикала смрт поради опасно возење.