ТРАГЕДИЈА ПО ЦРНИОТ ПЕТОК: Голем трговски центар во пламен, 11 мртви, многу купувачи се уште заробени на повисоките катови (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа во големиот пожар што избувна во катниот трговски центар RJ во Карачи.

Градоначалникот на пакистанската престолнина Муртаза Вахаб на сметка на социјалната мрежа Х го потврди бројот на жртвите , додавајќи дека жртвите се префрлени во различни болници во градот.

– Процесот на пребарување сè уште продолжува – додаде Вахаб во објавата.

Официјални лица од противпожарната бригада соопштија дека речиси 50 луѓе заробени во трговски центар на прометна градска артерија биле спасени со помош на два крана. Евакуацијата се уште е во тек.

Надлежните додадоа дека пожарот во трговскиот центар е ставен под контрола додека во моментов се одвива процесот на ладење на еден од катовите.

Пожарот, кој избувна на вториот кат во саботата околу 7 часот по локално време, стигна до шестиот кат , но не е јасно што го предизвикало.

– Шестмината повредени се во критична состојба – соопштија надлежните.

Рауф Хамид, кој беше спасен од зградата, изјави за Geo News дека многу луѓе се уште се заробени.

– Се спасивме со брзање во безбедната соба. Чадот беше толку силен што не разбравме што се случува – изјави Хамид.

Главниот пожарникар Мубин Ахмед рече дека зградата на трговскиот центар се запалила по втор пат во последните две години. Ахмед додава дека поради пожарот се изгаснало осветлувањето и тогаш настанала паника.

Шефот на противпожарната служба Хумајун Кан изјави дека пожарот во трговскиот центар најверојатно бил предизвикан од краток спој.

– Трговскиот центар немаше систем за гасење пожар. Климата беше централизирана, така што немаше начин воздухот да излезе – додаде Кан.