ЕК: Земјите членки на ЕУ одлучуваат за признавање на старите пасоши

„Одлуките за признавање или непризнавање на патните исправи со старото уставно име се надлежност на земјите-членки“.

Ова го вели Европската комисија во врска со информациите кои се појавија во јавноста дека границите може да се минуваат со стари пасоши.

Од ЕК за ТВ24 велат дека земјите од ЕУ се тие кои треба да го информираат својот став по ова прашање.

Тие паметат дека ниту ЕУ, ниту другите земји членки не се страни на Договорот од Преспа, но важно е да се постигнат опипливи резултати и да се имплементираат меѓународните договори.

Инаку, Македонија го продолжи рокот за користење лични документи до крајот на годината, но само за внатрешна употреба.