Тошковски од Атина: Обезбедивме континуитет и навремено доставување на обрасците

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Атина се сретна со Марк Џулијан Сиверт, кој е претседател на одборот на директори на ВЕРИДОС – компанијата одговорна за изработка на обрасци за лични документи.

На средбата се разговараше за можноста за забрзување на динамиката на изработка и доставување на обрасци и беше заклучено дека за следниот период ќе се обезбеди континуитет и навремена достава на обрасците за патните исправи.

Од МВР велат дека со тоа се обезбедуваат услови машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет во месеците мај и јуни.