Американскиот претседател Доналд Трамп се појави на подкаст на Фокс њуз, за време на кој зборуваше за завршување на војната во Украина, а ја искористи и приликата да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За време на разговорот Трамп рече дека верува оти Зеленски не е многу важен во преговорите за Украина и дека нема потреба да биде присутен за време на преговорите со Русија.
„Мислам дека не е важно тој да присуствува на состаноците. Тој го отежнува постигнувањето договори. Го гледав со години и го гледав како преговара без ништо во ракавот. Тој нема карти во ракавот“, рече Трамп.
Во ова интервју, Трамп ги предизвика и британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ништо не направија, не одржаа состаноци со Русите. Макрон е мој пријател, Стармер е исто така фин тип, но никој од нив не направи ништо на овој фронт“, заклучи Трамп.