Трајанов: Не би сакал да бидам дел од коалиција со СДСМ и ДУИ

Лидерот и пратеник од редовите на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска изјави дека неговата партија не преферира да учествува во Влада во која партнери ќе бидат ДУИ и СДСМ.

Тој вели дека штетата направена од двете страни е голема и ќе бидат потребни нови партии и сили за да се смени веќе направеното.

Не може СДСМ, а камоли ДУИ да биде носител на напредокот на Македонија“, рече Трајанов во емисијата „Студио 10“.

Претседателот на ДС смета дека албанската опозиција не би гласала за ниту еден кандидат предложен од ДУИ или од СДСМ, без разлика на неговата припадност. Вели дека етничката припадност не е важна, но не верува дека во моментов има ваков натпартиски кадар од владината коалиција.

Трајанов очекува во рок од еден ден владејачката коалиција да ги загуби парламентарните и претседателските избори.