Трајковски: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да поскапат

Имајќи ги предвид реакциите на граѓаните, пошироката јавност и стручните лица, во врска со поскапувањата кои деновиве беа поставени во јавноста, ве известуваме дека нема да има поскапувања на основните прехранбени производи и пазарниот инспекторат ќе продолжи да функционира според веќе донесените решенија на Владата за намалување на цените, соопштија попладнево од Државниот пазарен инспекторат.

Од таму појаснуваат дека „ќе провериме дали е ставена ознаката „загарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на големо“.

„Граѓаните да бидат мирни! цените на основните прехранбени производи нема да се зголемуваат, туку може дополнително да се намалуваат! Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените решенија за намалување на цените! Тој што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција! Граѓаните се на прво место, ние сме тука да го заштитиме нивниот стандард“, изјави директорот на ИШТ, Горан Трајковски.