Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку својата facebook страница даде мислење за денешниот протест на вработените од сите подружници на ЈП Македонски Шуми.

Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.

Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.

Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! – изјави Трипуновски.