Морничава сцена во градинка: Мајката си ги искасапила двете бебиња и ги фрлила во тоалет – Таа е монструм

Телата на две бебиња се пронајдени во кеса за ѓубре во бањата на градинка во Чикаго.

Се работи за две девојчиња.

Нивните безживотни тела биле пронајдени во четвртокот, еден ден откако воспитувачките во градинка ја виделе мајката облеана во крв како го користи тоалетот.

Американските медиуми јавуваат дека телата биле пронајдени околу 19 часот.

Полицијата соопшти дека жената (29) која работи во градинка е мајка на девојчињата.

Таа во четвртокот не се појавила на работа, а колегите ја нашле околу 18 часот на подот од тоалетот на првиот кат. Таа итно била пренесена во болница каде била оперирана.

По еден час, чистачките додека го чистеле тоалетот, во една од кабините пронашле црна кеса за ѓубре, а во неа, тела на две бебиња без знаци на живот.

Иако девојчињата биле итно пренесени во болница, немало начин да се спасат, а во моментов не се знае како починале.

Од градинката соопштија дека дошло до „итна здравствена состојба“ кај една од вработените во таа установа.

Тие изјавија дека во инцидентот ниту едно од децата кои одат во градинката не е повредено.

Во овој момент полицијата ги прегледува безбедносните камери, за да може да утврди што точно се случило кобниот ден.