Втора година по ред Општина Охрид преку програмата за основно образование го спроведе проектот „Нашите првачиња“, за доделување парични средства за сите првачиња во општинските основни училишта.
На сметките на вкупно 467 родители/старатели на првачиња запишани во основните училишта во општината за учебната 2023/24 година се префрлени вкупно 1,4 милиони денари, односно по три илјади денари за секое прваче.
Градоначалникот Кирил Пецаков им посака на првачињата среќни училишни денови и многу успеси.