Три часа откако родителите го закопале своето ЖИВО дете, маж слушнал врисоци од земјата и го спасил! Сè уште е во ШОК од ова (ФОТО)
Тантрик е практика на Тантра што е уште една гранка на хиндуистичките и будистичките системи на верување.
Жителите на Шајаханпур во северна Индија го слушнале плачот на детето во текот на вечерта.
Во тој момент температурата веќе се спушти на три степени. Брзо ја ископале и ја однеле во болница каде состојбата и била стабилизирана.
Таа помина околу три часа во студената земја. Дармендра Кумар случајно прв го слушнал плачот на бебето.
– Поминував покрај езерцето околу седум и триесет навечер кога слушнав како плаче бебе. Нејзиниот плач ме доведе до местото каде што беше погребана. Брзо ја ископав почвата и ја најдов жива – вели Кумар.
Тој го однел детето во блиската државна болница и ја известил полицијата.
– Тоа е толку суров чин. Не ми се верува дека некој може да остави бебе на толку студено време – додава Кумар.
Полициската истрага откри дека таткото (30) и мајката (28) го закопале своето третородено дете заедно со двајца роднини по налог на локален шаман кој тврдел дека бебето било опседнато од зли духови. Полицијата соопшти дека покрај таткото, уапсени се тетка и вујко и шаман, додека мајката е во бегство.
– Бебето го закопала тетката откако тоа го побарале ‘родителите’ на детето. На овој чекор се решиле на убедување на тантрик кој тврдел дека бебето девојче е опседнато и дека нејзиното присуство во куќата може да им го уништи целиот живот – соопшти полицијата.
Тантрик е практика на Тантра што е уште една гранка на хиндуистичките и будистичките системи на верување. Тантра е широк термин кој опфаќа многу теории и текстови за методите и практиките на верата.