Трката во вооружување не стивнува: Купуваат ракетен систем од Израел за 4 милијарди евра

Германија денеска потпиша договор со Израел за купување на својот противракетен одбранбен систем „Еро-3“ по цена од речиси четири милијарди евра.

Оваа одлука на Берлин го следи трендот на вооружување на европските земји како реакција на руската војна во Украина, објави Ројтерс.

Договорот претставува и најголема продажба на споменатите израелски одбранбени системи.

Купувањето ќе биде финансирано од специјалниот воен фонд од 100 милијарди евра, кој Германија го основа по почетокот на украинскиот конфликт.

Ракетниот систем се очекува да биде испорачан до четвртиот квартал на 2025 година.

„Ероу-3“ е дизајниран да пресретнува балистички ракети дури и надвор од атмосферата на Земјата.