Тројниот убиец закажал свадба со друга жена: Монструмот од Градачац планирал да се пресели во Германија по венчавката!

Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ планирал да се ожени со друга жена во среда на 16 август, а потоа да замине во Германија и таму да отвори теретана.

Оваа информација за „Аваз“ ја потврдија од полициски кругови.

Сулејмановиќ требало да се венча во Брчко, а неговата избраничка била од Германија.

Според истрагата, тој по венчавката планирал да замине во Германија.

За потсетување, на 11 август во својот крвав поход, Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица, а тројца тешко рани.

Наредено е вештачење на мобилниот телефон на убиецот, кое може да открие со кого разговарал од полицијата, односно кој му ја открила локацијата каде се криеле Низама и детето.