Од денеска забраната важи за невакцинираните деца во дневните центри, инспекторатот ќе ги зголеми контролите

Децата кои не биле вакцинирани со вакцината „Ди Те Пер“ од денеска нема да бидат примени во градинките. Здравствените инспектори ќе почнат со вонредни проверки. Забраната и контролата се однесуваат и на приватните градини.

Воедно, како што соопштуваат од инспекторатот, од вработените во предучилишните установи ќе се бара да подготват списоци со имињата на сите невакцинирани деца.

Вонредните контроли на здравствениот инспекторат доаѓаат по препораката на Комисијата за заштита од заразни болести и одлуката на министерот за здравство за спречување на ширењето на епидемијата на пертусис.

Лекарите велат дека ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на голема кашлица. Тие предупредуваат дека болеста е поопасна токму за најмалите деца, кај кои може да предизвика посериозни компликации.