Тројца го преживеаја смртоносниот пад: Неверојатна снимка од Калифорнија, авионот заврши на паркинг на деловен комплекс, свртен наопаку?!

МУРИЕТА – Едно лице загина, а три други се повредени во падот на мал авион во Јужна Калифорнија, соопштија властите.

Едномоторниот авион со четворица патници се урна набргу по полетувањето од аеродромот Француска долина во Муриета околу 14:45 часот во вторникот, соопшти Федералната управа за авијација.

Телевизиите јавија за несреќата со снимка на која се гледа мал авион превртен на паркингот на деловен комплекс.

Едно лице починало на лице место, додека тројца повредени, од кои еден е тешко повреден, се хоспитализирани.

Федералната управа за авијација и Националниот одбор за безбедност на транспортот соопштија дека ќе ја истражат причината за несреќата.