„Трчала пет минути по нивите, се криела во куќичката и ја повикала полиција“: Девојчето се спасило, брат и го убиле

Откако ги слушнала врисоците на убиецот кај Младеновац, девојката се сокрила во куќичката од каде повикала и ја координирала полицијата. За жал, немаше спас за нејзиниот брат.

„Убиен е синот на мојата снаа, кој имаше 21 година, тоа е момчето кое беше задолжено за скарата и се забавуваше со друштвото. Неговата сестра, која во тој момент дошла со своите другарки со автомобил до местото каде што се случуваше крвавиот пир имаше среќа и се спаси“, ги опиша потресните моменти психотерапевтката Марија Миленковиќ.

Девојката слушнала што вика убиецот. „Сега ќе ве убијам сите, легнете“, рекол убиецот Урош Б, по што девојката скокнала од автомобилот.

Отишла до блиската нива и трчала околу пет минути, а потоа се сокрила во импровизирана куќа во полето“, изјави Миленковиќ за Нова.рс.

„Од таму повикала полиција и ги координирала, била на телефон со нив околу 40 минути. Не ја напуштила куќата додека не дошла полицијата. Дури кога си заминала сфатила што всушност се случило, дека многу од децата кои биле присутни починале на лице место“, додаде Миленковиќ.

„Тоа злосторство се случи на 500 метри од нивната куќа. За среќа, таа преживеа, но можеше да биде и полошо. Нејзиниот брат повеќе не е тука. Тој е детето што го познавам од раѓање и го носев во раце. На 11- 12 години ја имаше несреќата во која го прегази трактор, па се боревме за неговиот живот. Тогаш преживеа, ова е тага за сите нас“, признала вознемирената Миленковиќ.

Во Србија со часови траеше потрагата по 21-годишниот Урош Б., кој во четвртокот вечерта изврши масовно убиство во Младеновац кај Белград. Уби осум лица, а рани 14. Уапсен е во Крагуевац, град на 150 километри од Младеновац.