ТУРБО ФОЛК ЅВЕЗДА- Весна Змијанац направи операција на срцето. Таа повторно пее, а нејзиниот фризер откри како изгледа сега

Како што објавија неколку српски медиуми, фановите и пријателите биле загрижени за нејзината здравствена состојба, но пејачката не се огласила во јавноста за нејзината состојба по операцијата.

Весна Змијанац, легендарната ѕвезда на екс-ју турбо фолк и новокомпонираната фолк музика, во март имала операција на срцето, а потоа и бил ставен бајпас.

Како што објавија неколку српски медиуми, фановите и пријателите биле загрижени за нејзината здравствена состојба, но пејачката јавно не ја соопштила нејзината состојба по операцијата.

По престојот во болница, Весна Змијанац се опоравувала во својата викендица во Букуља, а сега повторно се враќа на настапи. Таа и пееше на публиката во Бугарија, а за нејзината фризура се погрижи фризер кој покажа и како изгледа по паузата.

Претходно се шпекулираше дека пејачката не е во добри односи со зетот Реља Поповиќ, но тој и нејзината ќерка Николија се грижеа за неа по операцијата.

-Внуците на Весна и беа терапија, а Николија се обвинува себеси што ја оптоварува мајка си, наместо да и каже да биде здрава и да се откаже од цигарите. Ќерката сега ја држи под контрола и се грижи за нејзиното здравје – изјавил изворот за српските медиуми.