ТУРИСТ ЖИВЕЕЛ 14 ДЕНА НА АЕРОДРОМ – Го пропуштил летот за дома, останал без пари и багаж, но имал повеќе среќа отколку памет
Турист од Русија се вратил дома откако поминал 14 дена на аеродром на тајландскиот остров Пукет.
Центарот за туристичка помош во Пукет (ТАЦ) објави дека пред две недели турист од Русија (38 g.) го пропуштил летот за дома. Тој останал без пари и не можел да изнајми хотелска соба или да купи друг билет, па останал заглавен во терминалот на локалниот аеродром.
Немал багаж и единствено што му останале биле мобилниот телефон и пасошот. Тој за локалните медиуми изјавил дека ја чека мајка му да му купи нов авионски билет за да се врати во Русија.
ТАЦ и персоналот на аеродромот, според локалните медиуми, се грижеле за него во последните неколку недели. Туристот дури бил однесен во блиската болница на лекување на инфекција на очите. За време на неговиот престој на аеродром работниците му нашле облека и му дале храна, а ја платиле и сметката од клиниката.
Туристот конечно се врати дома во Русија во четвртокот. Тој и неговата мајка им се заблагодариле на сите за грижата и помошта.