Турист паднал од височина од 10 метри кога се скршил популарниот стаклен мост (ВИДЕО)

Две лица паднале на земја од мостот, а други две се држеле за конструкцијата

Еден турист загина, а тројца се повредени откако се скрши стаклениот мост Геонг во централна Јава, Индонезија.

Станува збор за популарно туристичко место, сместено во дабовата шума Лимпакувус, а жртвата паднала од висина од најмалку 10 метри.

Според извештаите, две лица паднале на земја од мостот, а две лица се држеле за конструкцијата. Еден посетител починал по падот, а други се здобиле со полесни повреди.

Во изминатиот период имало поплаки против локалните власти дека недоволно се грижат за безбедноста на мостот. Исто така, на социјалните мрежи се појавија тврдења дека на премногу луѓе им се дозволува да одат по мостот што може да предизвика пукање на стаклото.