Турски мокар колач натопен во чоколадо: Десерт којшто е толку сочен, што се топи во уста (видео)

Овој рецепт за турски мокар колач ќе стане вашиот омилен откако ќе го пробате, во тоа сме сигурни.

Мокриот турски колач прелиен со чоколадо е идеален десерт за семејството затоа што сладокусците ќе бидат воодушевени од него.

Состојки:

– 5 јајца;
– 1 чаша шеќер (200 милилитри);
– Ванилин шеќер;
– 1 чаша масло за јадење;
– 1 чаша млеко;
– 2 чаши брашно;
– 5 лажици какао;
– 1 прашок за печиво.

За прелив:

– 3 чаши млеко;
– Половина чаша масло за јадење;
– 1 чаша шеќер;
– 1 ванилин шеќер;
– 5 лажици какао;
– 100 грама чоколадо за готвење.

Декорација:

– Ореви

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете го ванилиниот шеќер, маслото, млекото, брашното, прашокот за печиво и какаото. Сите состојки соединете ги убаво, па ставете ги во плех да се печат на 190 степени Целзиусови.

Додека колачот се пече, подгответе го преливот. Ставете го млекото да зоврие, а во него додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и какаото, а потоа и маслото за јадење.

Колачот прелијте го со преливот, па украсете со ореви.