ТУРЦИЈА ЈА СПУШТИ РАМПАТА ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА !? “Султанот“ нема да дозволи миночистите наменети да и помогнат на Украина да поминат низ Босфорот и Дарданелите

Турција во вторникот соопшти дека нема да дозволи два миночиста што ѝ ги подари Велика Британија на Украина да поминат низ нејзините води на пат кон Црното Море, бидејќи тоа ќе го прекрши меѓународниот пакт за воено минување низ теснецот.

Велика Британија минатиот месец соопшти дека ќе и предаде два миночиста од Кралската морнарица на украинската морнарица за да помогне во зајакнувањето на поморските операции на Украина во нејзината војна со Русија.

Членката на НАТО, Турција ги информирала своите сојузници дека нема да дозволи бродови да ги користат теснецот Босфор и Дарданелите се додека трае војната во Украина, соопшти Дирекцијата за комуникации на Реџеп Таип Ердоган.