УАПСЕНИ СИТЕ СЕДУМ СИЛУВАЧИ – Осомничени се за страшен напад врз пар блогери: Ја силувале, тој бил тепан со камења

Сите седум мажи се уапсени за групно силување на блогерка и напад на нејзиниот сопруг, во случај што фрли ново светло на ендемичниот проблем на Индија со сексуално насилство врз жените.

Во саботата полицијата соопшти дека во врска со инцидентот се уапсени три лица и дека се трага по уште четворица. Во вторникот, заменик-комесарот на Думка, Ањанеџулу Доде, потврди за Си-Ен-Ен дека уште четворица се сега во притвор.

Сите осомничени се на возраст од 20 до 30 години.

Неколку блогери од Шпанија кои го опишаа своето патување со мотор објавија дека доживеале ужасен напад додека минувале низ Индија. Винсенте и Фернанда, познати на социјалните мрежи како Vuelta Al Mundo En Moto (Околу светот на мотор), објавија потресно видео од болница во Индија во кое објаснуваат дека биле нападнати, ограбени и дека Фернанда била силувана од група мажи.

Винсенте и Фернанда доживеале хорор во Индија

Фернанда (28) и Висенте (63) се блогери кои стекнаа популарност на социјалните мрежи споделувајќи ги деталите од своето патување низ светот на мотор. Двојката беше на пат за Непал од Индија, застанувајќи во областа Думка во Џарканд, Индија, каде што поставија шатор за да ја поминат ноќта пред да го продолжат своето патување.

Тие биле нападнати додека спиеле

Откако заспале, седум млади момчиња влегле во шаторот, а потоа ја силувале Фернанда и го претепале Висенте . По пристигнувањето во болницата на социјалните мрежи споделија видео во кое открија што им се случило. Висенте рекол дека напаѓачите го претепале со камења и шлем, додека Фернанда открила и дека биле ограбени, иако очигледно намерата на мажите била силување.

Во една објава, Висенте на гледачите им ги покажа шевовите околу устата.

– Устата ми е уништена, но Фернанди е полош од мене – рекол тој и додал дека напаѓачите постојано го удирале со кацига и камен во главата.

Мажите на возраст од 20 до 30 години биле обвинети дека ја силувале Фернанда во смени, а како што пишува британски Телеграф, на брачната двојка и била понудена отштета од индиските власти во износ од еден милион рупии или околу 11 илјади евра.

Двојката позната како @vueltaalmundoenmoto на „Инстаграм“ заедно поминаа 170.000 километри и посетија 66 земји. Сега планираат да се вратат во Шпанија, каде што живеат, а подоцна да го продолжат патувањето.

Случајот го стави во центарот на вниманието ужасното досие за сексуално насилство во Индија. Државата се смета за една од најлошите за сексуално насилство врз жените и имала речиси 90 пријавени силувања дневно во 2022 година, според Националното биро за евиденција на криминал. Но, силувањата честопати се недоволно пријавени поради срамот на жртвите и малата вера во резултатите од спроведувањето на законот.