Уапсен руски професор во Естонија! Се огласија властите: Еве за што е обвинет и што му се става на терет

Полицијата во Естонија уапси универзитетски професор со руско потекло под сомнение дека шпионирал за Москва.

Службата за внатрешна безбедност на Естонија (ISS) објави дека покренала истрага против Вјачеслав Морозов, руски државјанин и професор по меѓународна политика на престижниот универзитет во Тарту, бидејќи наводно бил вклучен во разузнавачки активности чија цел била поткопување на националната безбедност на земјата.

Деталите за неговите наводни разузнавачки активности не беа објавени „бидејќи се преземаат процедурални чекори за проверка на наводите“.

Во заедничката изјава на ИСС и обвинителите, се наведува дека ова е еден од над 20-те случаи и дека ја претставува „желбата на руските разузнавачки служби да се инфилтрираат во различни области од естонскиот живот, вклучително и научниот“.

Универзитетот во Тарту е најголемиот и најстариот во Естонија, основан во 1632 година.

Естонските медиуми објавија дека Морозов таму работел како професор по студии за односите меѓу Европската унија и Русија од 2016 до 2023 година, а до 1 јануари 2023 година предавал меѓународна политичка теорија.

Според информациите од неговиот Фејсбук профил, Морозов е поранешен вонреден професор на Државниот универзитет во Санкт Петербург, една од најреномираните академски институции во Русија.