Убавата руска богаташка е пронајдена мртва: Гламурозната Наташа беше една од најпосакуваните невести во Русија, а нејзиниот татко беше близок соработник на Путин (фото)

Гламурозната ќерка на поранешниот близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин е пронајдена мртва во својот стан во Москва.

Наталија Бочкарева (44), ќерка на Василиј Бочкарев, долгогодишниот управител на регионот Пенза, беше пронајдена мртва на 11 јули. Консиержот од нејзината зграда повикал полиција да пријави дека Бочкарева престанала да ја отвора вратата, а кога насилно влегле во станот, нејзиното тело го пронашле во бањата.

Според првичните информации, нема знаци на насилна смрт. Медиумите неофицијално јавуваат дека неколку дена пред смртта се пожалила дека не се чувствува добро.

Василиј Бочкарев раководеше со регионот Пенза од 1998 до 2015 година. Долгогодишен член на партијата Единствена Русија почина на 67-годишна возраст од рак на белите дробови една година по напуштањето на функцијата.

По смртта на нејзиниот татко, Бочкарева раководеше со семејните фирми за обработка на дрво и синџир пекари. Имала капитал во неколку компании и голем број имоти низ Русија.

Таа се најде на насловните страници пред две години, откако, според руските медиуми, стана жртва на измама кога испрати 16 милиони рубљи или околу 200.000 евра на самопрогласена гатачка за да отстрани клетва. Меѓутоа, гатачката ги зела парите и ги прекинала сите контакти со Наталија.

Убавицата со години беше на листата на „најпосакувани невести“ на Русија.

Последната објава Наталија Бочкарева на социјалните мрежи ја објави на 28.06.2023 година кога објави слика од кафуле. Сега има зборови на сочувство под објавата.

,,Дејли Мејл” наведува дека нејзината смрт е уште една мистериозна трагедија што го снашла некој од руската елита.

Ден Рапопорт, познат критичар на рускиот лидер Владимир Путин, кој беше протеран од Русија, беше пронајден мртов откако падна од неговата луксузна станбена зграда во Вашингтон минатиот август.

Неколку недели подоцна, претседателот на рускиот нафтен гигант Лукоил, Равил Маганов, падна од прозорец на шестиот кат на болница во Москва и почина.

Пред неговата смрт, Маганов беше гласен во критиките за Путин и руската инвазија на Украина.

Креативниот директор на ИТ компанија Григориј Коченов во декември скокнал од балконот на својот стан и починал. Трагедијата наводно се случила додека руските власти го претресувале неговиот стан.

Руски тајкун исто така почина кога падна од прозорец на хотел во Индија во декември, само два дена откако неговиот пријател, исто така од Русија, почина во истиот хотел.

Руски тајкун со недвижности фатално паднал по скали додека бил на француската ривиера во декември.

На почетокот на овој месец, федералниот судија Артјом Бартенјев падна од 12-тиот кат од неговата станбена зграда и беше прогласен за мртов.

,,Атлантик” наведува дека околу дваесет руски функционери и олигарси починале под мистериозни околности само во 2022 година и тоа го нарекува синдром на „ненадејна руска смрт“.