УБАВИЦАТА ОБЈАВИ ШОКАНТНИ СЛИКИ СО ГОЛМАНОТ НА ПСЖ: 22 дена се бореле за неговиот живот, едвај дочекала да го види! (ФОТО)
Сопругата на Серхио Рико ги израдува сите со фотографии на кои е покрај својот сопруг.
Конечно го видовме Серхио Рико ! 28-годишниот голман на Пари Сен Жермен се здоби со тешка повреда кога падна од коњ за време на летната пауза, а сега неговата сопруга Алба Силва сподели слики од болницата два месеци по несреќата.
Искусниот голман која пред ПСЖ играше за Севиља и Фулам, а сега Алба Силва напиша со фотографија од својот сопруг: „ Добро сме “ и додаде: „ Немам многу работи да ви кажам, а можеби и имам. Веројатно би можела да напишам книга со сите овие емоции за тоа како се чувствував овие два месеци, но избирам да се држам до она што е важно. Факт е дека ние сме добро и не можам доволно да ви се заблагодарам за се за пораките за поддршка “ .
Таа го покажа и натписот што го остави покрај болничкиот кревет на Рико на кој пишува: „Не се сомневам дека би те избрала над илјада пати. Ти си без сомнение моето најголемо богатство и те сакам со сето мое срце“, напиша таа. Погледнете како изгледа Алба Силва:
Серхио Рико имаше несреќа на 28 мај кога падна од коњот и беше во критична состојба. Тој беше во кома 22 дена, а се разбуди дури на 19 јуни. Семејството на шпанскиот голман откри дека во наредните денови Рико треба да оди на нова операција.