Убиена најголемата анаконда на светот ВИДЕО

Таканаречената северна зелена анаконда ја пронашол холандскиот биолог и водител на шоуто за природата, Фрик Вонк.

Пред само пет недели светот дозна дека постои анаконда долга речиси седум метри, а глетката на холандскиот биолог Фрик Вонк кој бестрашно плива покрај неа ги остави гледачите без зборови.

За жал, сознанието дека најголемата змија на светот постои во природата за некои беше премногу. Телото на анакондата е пронајдено во неделата во реката Формосо во руралното подрачје Бонита, во јужен Бразил. Се верува дека ја убиле ловци.

Смртта на анакондата ја објави и холандскиот биолог Фрик Вонк, чија снимка од пливањето на анакондата го обиколи светот. Во времето кога тој ја напиша својата објава на социјалните мрежи, смртта на веројатно една од најголемите, ако не и најголемата, змија моментално на планетата не беше официјално потврдена.

„Со тешко срце сакам да ве информирам дека моќната голема зелена анаконда со која пливав беше пронајдена мртва во реката викендов… Слушнав од различни извори дека е убиена, иако официјалниот извештај вели уште не е потврдена причината за смртта. Толку сум тажен и толку лут во исто време. Каква тажна и трагична загуба. И колку треба да си болен за да му го направиш ова на толку убаво и уникатно животно. Ова е толку инспиративно и тажно “, изјави тој.