Убиецот пред масакрот објавил морничава слика и напишал два збора! Детали за хоророт во училиштето во Америка: Еден мртов, неколкумина ранети (ВИДЕО)

Најмалку едно лице го загубило животот, а неколку се ранети во денешната престрелка во средно училиште во градот Пери, во американската сојузна држава Ајова, јавуваат американските медиуми. Според Ен-Би-Си, повикувајќи се на неколку полициски извори, напаѓачот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Во престрелката се повредени уште три лица, меѓу кои двајца ученици и еден вработен во училиштето. Деталите за нивните повреди не се познати.

Осомничениот вооружен напаѓач е идентификуван, рече шерифот на округот Далас Адам Инфанти на прес-конференција, но одби да даде дополнителни детали.

Според социјалните мрежи, идентификуваниот напаѓач пред нападот објавил вознемирувачка фотографија на социјалните мрежи и напишал „сега чекаме“ со чуден израз на лицето.

Како што наведе, пукањето било пријавено утрово околу 7:37 часот по локално време, пред почетокот на првиот училишен ден по зимскиот распуст за учениците од гимназијата во Пери, на кој присуствуваат околу 1.785 ученици.

Инфанти им кажа на новинарите дека полицаецот реагирал седум минути подоцна и открил луѓе кои страдале од прострелни рани, без да прецизира кои се тие.

– За среќа, во зградата имаше многу малку ученици и наставници, што, според мене, придонесе за добар исход во таа смисла – рече тој на брифингот со новинарите.

Шерифот додаде дека веќе нема никаква опасност за граѓаните и дека полицијата сега работи на расчистување на настанот.

Според официјални лица од округот Далас, местото на злосторството во моментов е обезбедено.