УЖАСНА СЦЕНА НА НАТПРЕВАР ВО СРБИЈА: Змија влегла на теренот и двапати го каснала судијата! Ја исфрлил и го продолжил натпреварот – ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!

Потресна сцена е снимена на натпреварот од градската лига на Лесковац меѓу Горњи Синковац и Радник од Шишинац.

На сред меч на теренот влегла голема змија, па натпреварот на кратко бил прекинат.

Еден навивач се обидел да ја турне од теренот со ранец, па таа станала крајно агресивна.

Тогаш на сцена стапил храбар судија. Го згази рептилот, а потоа го фати со рака. Во таа прилика змијата двапати го каснала, но тој не ја испуштил – ја фрлил далеку надвор од теренот.

„ Се случи многу необична ситуација. На теренот се појави змија, што доведе до прекин на натпреварот. Фасцинантно е што судијата успеа да ја фати змијата и да ја отстрани од теренот, додека змијата не беше повредена. Според актуелни информации, се покажа дека судијата бил отпорен на две каснувања за време на овој настан “, стои во описот на видеото објавено од ФК Горње Синковче на Инстаграм.